Бензините поевтинуваат, дизелот останува со иста цена

46

benzin kola

Цените на бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат, додека цената на дизелот останува иста, е најновата одлуката на Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за еден денар за литар и со тоа новата цена ќе биде 79 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена пониска за половина денар, односно по 81 денар за литар.

Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесно масло за домаќинство (ЕЛ-1) остануваат исти, односно дизелот ќе се продава по 67,50 денари за литар, додека цената на Екстра лесно масло за
домаќинство изнесува 56 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,782 денари за килограм и ќе изнесува 40,492 денари за килограм.