Мајкрософт Македонија и Центарот за иновации денеска и утре во Скопје организираат презентација на програма која треба да им помогне на младите да се здобијат со ИКТ вештини и да изградат кариера и отворат нов (start – up) бизнис.
На конференцијата ќе се обратат министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и министерот за економија Ваљон Сарачини.
Најавено е присуство на експерти и претставници на Мајкрософт, на генералниот директор на Мајкрософт Македонија, Стефан Плавјански, како и Влора Адеми, менаџер за академски програми на Мајкрософт Македонија и Косово.
Се очекува да присуствуваат 120 најдобри студенти од сите приватни и државни универзитети во државата и млади невработени луѓе.