Бројот на паркиралишта и гаражи, како објекти за паркирање, во текот на минатата година, изнесува 195, со вкупна површина од 551.609 метри квадратни, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според обработените податоци, 14.383 места за паркирање, со површина од 366.363 метри квадратни, се на отворен простор, 2.543 места за паркирање со површина од 72.995 метри квадратни се во покриените гаражи, додека во катните гаражи има 3.437 места за паркирање со површина од 112.251 метри квадратни.
Со годишното истражување за паркиралишта и гаражи се опфатени 24 извештајни единици, а истражувањето за првпат се спроведе во 2007 година.