Конференција за можностите за вработување лица со инвалидност

43

Во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, денеска во Скопје ќе се одржи меѓународната конференција на тема Законски рамки и практики за вработување на лицата со инвалидност.

Целта е размена на искуства и добри практики поврзани со можностите за вработување на лицата со инвалидност, дадени од гледиштата на владини претставници, национални експерти и НВО секторот од земјите во регионот.