Нова регулатива за побрз интернет пристап

32

Воспоставување транспарентна регулатива што ќе донесе исплатливи инвестиции и конкуретност во изградбата на електронските комуникациски мрежи, останува приоритет на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), рече денеска директорот на АЕК, Роберт Ордановски.

Според него, целта е да се достигне европската дигитална агенда која предвидува до 2020 година сите претплатници да имаат пристап до интернет со брзина од над 30 мегабити во секунда и 50% од претплатниците да имаат пристап до интернет со брзина од над 100 мегабити во секунда.

“Новата регулаторна рамка ќе им овозможи на операторите да ги подобрат своите перформанси, да работат на изградба на нови мрежи“, рече Ордановски.

Во Македонија само 3,5% од корисниците имаат интернет пристап со брзина поголема од 30 мегабити во секунда.