Првиот модерен кинески авион, што ќе биде конкурентен на европскиот пазар, по една деценија е целосно готов, пишува Associated Press.
Зад авионот ARJ 21 – 700 стои државната кинеска компанија Comac, која околу една деценија работеше на негов развој и унапредување на перформансите, со цел да ги достигне потребните стандарди.
Со првиот пробен лет во 2008 година, ARJ 21 – 700 покажа дека се отстранети сите недостатоци, во произведените и инкорпорирани делови во леталото, како и дизајнот, кои беа нотирани една година претходно.
Првите два авиона, чиј капацитет е од 78 до 90 патници, ќе бидат испорачани на кинеската компанија Chengdu Airlines.
Проектот за изработка на авионот за прв пат беше претставен во 2002 година, со цел да се засили позицијата во однос на доминантниот европски пазар за производство на летала. Кина планира да стане еден од најголемите светски производители на авиони во следните две децении.