Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во поголемиот дел од земјата, претпладне со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Утринските температури се движат од 10 до 12 степени, додека дневните максимални ќе се движат меѓу 17 и 29 степени.
Во Скопје се очекуваат слаби врнежи, а максималната температура ќе се искачи до 21 степен.
Во вторник и во среда претпладне подрачјето над Македонија ќе биде под влијание на влажен бран од Медитеранот од кој се очекуваат обилни врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и засилување на ветерот. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со услови за локален дожд и ретки грмежи. Во втората половина на седмицата температурата ќе биде во покачување.