Можност за поголема соработка на македонски со компании од Австрија

44

Со цел зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Австрија, Стопанската комора на Македонија (СКМ) и Амбасадата на Австрија во земјава, преземаат мерки за поврзување на компании од двете земји.

Трговската размена меѓу двете земји минатата година достигна 190 милиони долари, а во првиот квартал бележи раст од 46% и изнесува 45 милиони долари.

Меѓу мерките за поврзување на компаниите и соработка меѓу компании ќе биде организирана и презентација на неколку австриски комании од областа на преработувачката индустрија, кои пред македонските компании ќе презентираат опрема и за земјоделството и преработувачката индустрија.

Економското аташе Герхард Шлатл вели дека овој сектор е избран бидејќи е во подем и има можност за развој.

Австрија е на второ место по инвестиции кои во 2012 година изнесуваа 81,7 милиони долари, а најголемиот дел од австриските компании кои инвестираа во земјава се во осигурителниот пазар и банкарскиот сектор.