Регионалниот центар за конкуренција во Будимпешта во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата организира семинар за картели во јавните набавки.
На дводневниот семинар ќе присуствуваат експерти за конкурентска политика од Регионалниот центар за конкуренција, Франција, Романија, Финска и Унгарија, како и претставници од Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Белорусија, Киргистан, Казахстан, Косово, Молдавија, Ерменија, Србија, Украина, Хрватска, Русија и Романија.
Семинарот е можност сите национални органи за заштита на конкуренцијата од Балканот и источна Европа да се стекнат со дополнителни знаења за правото за заштита на конкуренцијата и да ја зајакнат меѓусебната соработка.
Во последно време, органите за заштита на конкуренцијата ги фокусираат своите активности во борба против картелите како најсериозни нарушувања на конкуренцијата.