Дел од добивката на Пелистерка оди во резервен фонд, остатокот останува нераспределен

45

pelisterka

Компанијата Пелистерка минатата 2013 година ја заокружи со нето добивка во висина од 20.690.027 денари.

Собранието на акционери на Пелистерка донесе одлука, објавена на Македонска берза, според која 5% од добивката, односно 1.034.501 денари оди во задолжителен резервен фонд. Остатокот од добивката во висина од 19.655.526 денари останува како нераспределена.

Во првите три месеци од оваа година, според консолидираниот биланс на успех, Пелистерка прокнижи загуба во висина од 6.295.000 денари.