Сончево и потопло, температура до 35 степени

28

Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и потопло. Во попладневните часови ќе има услови за краткотраен пороен дожд со грмежи. Ќе дува умерен ветер од северен правец, особено во источните делови и долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 23 до 35 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 33 степена. УВ индексот ќе изнесува 8.