Фото: TouristMaker
Хотелите и рестораните на Црното Море за ова лето бараат 100.000 сезонски работници, покажува истражувањето за вработувањата, јавува БТВ.
Раст на побарувачка на персоналот се забележува и во градежната индустрија. Сепак, според работодавците, зголемената побарувачка не е сигнал за излез од кризата.
Бизнисот очекува вработувањата во периодот јули-септември да се зголемат за 14%. Најоптимистички се прогнозите за вработување на кадри во хотелите и рестораните, каде се очекува раст за една третина.
Останати сектори кои повеќе ќе вработуваат во текот на летото се финансии, осигурување, недвижности.
Најмногу работници се бараат во североисточна Бугарија и на Црното Море. Таму се очекува отворањето на нови фирми и нови проекти.