Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места со повремено засилен ветер. Можна е изолирана појава на град. Преку денот ќе дува слаб претежно југозападен ветер. Дневните температури ќе се движат од 21 до 32 степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 29 степени.