Расте бројот на странци што бараат работни дозволи во Турција

38

Кинески, руски и украински работници се на врвот на листата странци што добиле работни визи минатата година, соопшти турското министерство за труд.

Вкупно 1.648 Кинези, 1.432 Руси и 1.278 Украинци добиле работни дозволи во 2011 година. Вкупно 16.890 странски работници, од кои 7.106 жени добиле работни дозволи лани, за разлика од 2010 година, кога дозволи добиле 14.201 странци.

Повеќе од половина странски работници се со високо образование. Од доделените работни дозволи минатата година, 2.103 биле во областа на едукација, 2.002 во угостителство, 915 во областа на забавата и уметноста и 917 во секторот за воздушен сообраќај.

Повеќето од работниците се меѓу 25 и 35 години и најчесто се вработувале во Истанбул, Анталија и Анкара.