Конференција на тема Социјалниот дијалог и адаптација на промените

46

Тема на завршната конференција од проектот Зајакнување на социјалниот дијалог во секторите трговија на мало, земјоделието и прехрамбената индустрија во Словенија, Македонија и Црна Гора, што ќе се одржи денес, е Социјалниот дијалог и адаптација на промените.

Главна тема на дебата ќе биде предизвикот за задржување на работните места и отворањето нови, во услови на недостиг од обртни средства во приватниот сектор и намалената кредитна активност што предизвикува опаѓање на инвестициите.

Конференцијата ја организира Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ).

Согласно донесениот Законот за минимална плата, кој стапи во сила од јануари годинава и анкетата спроведена од ОРМ за ефектите од минималната плата, резултатот од спроведувањето на законот на теренот, во секторите текстил, кожа и трговија покажа дека се поволни во поглед на исплата на законски утврдениот износ на плата и задржувањето на работните места.

Социјалните партнери, Репрезентативната Организација на работодавачи на Македонија и репрезентативните синдикати од ССМ, Агросиндикатот и Синдикатот за трговија, заедно со Владата преку ЕСС, предлагаат мерки за да ја  подобрат бизнис климата, за да ја одржат конкурентноста на компаниите на светските пазари, како и да ја подобрат применливоста за овозможување на подобри услови за инвестирање во производството, преку усогласување на легислативата со ЕУ.