Договорена откупната цена на пченицата

49

Од 10 до 13 денари и повеќе ќе изнесува откупната цена на пченицата зависно од хектолитарската тежина, договорија мелничарите и производителите на средбата во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

“Препорачаната цена на пченицата под 72 хектолитри тежина ќе биде 10 денари, од 72 до 76 хектолитри 11 денари, од 76 до 78 хектолитри 12 денари и над 78 хектолитри 13 денари и повеќе, со зголемување на хектолитарската тежина“, соопштуваат од МЗШВ.

Производителите и мелничарите се обврзаа да ги почитуваат одредбите од правилникот при откупот на пченицата. Преработувачите треба на видно место да ја објават конечната цена по која ќе го откупуваат лебното жито.