Времето во Македонија денеска ќе биде облачно и малку посвежо. Во северните и западните делови ќе биде пооблачно со локален дожд. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од 18 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со температура до 27 степени.