Во Општина Илинден почна да се реализира нова инвестиција во областа на кондиторската индустрија, вредна 5,5 милиони евра.
Како што соопшти Општината, во економската зона Марино – Кадино, на површина од 5.000 метри квадратни почна да се гради фабрика за кондиторски производи на компанијата Гранд Експорт. На почетокот фабриката ќе овозможи отворање на нови 30 работни места, со можност за натамошно зголемување на бројот на вработени.
Новата инвестиција на компанијата Гранд Експорт,треба да биде реализирана во рок од една година.