Во рамки на активната мерка за вработување – Самовработување со кредитирање, на Агенцијата за вработување на Македонија, денеска ќе биде презентирана успешна приказна за почнување сопствен бизнис на невработено лице.
Настанот, на кој ќе присуствува директорот на Агенцијата Влатко Поповски, е со цел поттикнување поголем број невработени лица кои ќе аплицираат на моментно отворениот оглас за Самовработување со кредитирање.