Атрактивни услови и за македонските штедачи од ПроКредит Банка

67

pb

Флексибилност, достапност и каматна стапка како орочен депозит за штедење на штедна сметка

ПроКредит Банка, како банка со германски капитал, на македонскиот пазар донесе новина за штедачите: штедење на штедна сметка со одлична каматна стапка и највисока достапност – нешто што е навистина препознатливо и во Германија и сите западноевропски земји.

Сега штедачите може да вложуваат според сопствената динамика – тогаш кога можат и имаат расположливи средства, а истите им се достапни во било кој момент од банкомат. Каматната стапка е навистина висока, ако се спореди со ваквиот тип на штедење на пазарот и е изедначена со каматните стапки на орочените депозити. Дополнителна предност е што за да се започне да се штеди не е потребно голем влог, како што е случај со ороченото штедење во речиси сите банки кај нас.

“Со овие одлични услови за штедење на штедна сметка сакаме да ја поттикнеме навиката за редовно одвојување на средства кај македонските граѓани. Штедачите воопшто не се зависни од работното време или локацијата на експозитурата: може да вложуват преку електронско банкарство или со траен налог директно од нивната трансакциска сметка”, изјави Горан Хаџипетров, директор на секторот за физички лица.

ПроКредит банка е дел од ПроКредит Групацијата со седиште во Франкфурт, Германија. Со своето 11 годишно присуство на пазарот дава значаен придонес за градење на културата на штедење на граѓаните, не само преку одлични услови, туку и иновативни производи кои секој клиент може да ги прилагоди на својата динамика и буџет.

Заштедите од штедачите се инвестирани во развојно ориентирани цели: поддршка на домашни бизниси, високо потенцијален агро сектор, инвестиции во енергетска ефикасност и унапредување на животниот стандард на граѓаните.