Турски компании задутре доаѓаат во Скопје на средби со македонски фирми за воспоставување билатерални деловни контакти. Потенцијалните деловни партнери се од регионот Испарта, познат по производство на руди и мермер, репроматеријали за градежништво (цемент), рози и суровини – екстракти од рози за повеќе индустриски намени, овошје и зеленчук, особено јаболка и цреши, хемиски материјали и текстил, јавува Миа.
Бизнис форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Регионалната индустриска комора на Испарта, Република Турција.
По завршување на официјалниот дел, планирани се билатерални разговори меѓу компаниите од повеќе стопански сектори.