Destiny – видео игра што чини половина милијарда долари

45

destiny

Видео играта Destiny, зад која стои компанијата Bungue, е најскапата компјутерска игра со буџет од 500 милиони долари.

Станува збор за научно – фантастична игра, сместена 700 години во иднината, во која играчите имаат за задача да го спасат човештвото од вонземјани кои сакаат да го уништат човечкиот род, пишува британски Guardian.

Овој проект чини 500 милиони долари, што е двојно повеќе од буџетот на новиот филм Star Wars.

Дерек Керол, дизајнер во Bungie, кој скоро пет години работеше на овој проект, смета дека играта, што е дел од Destiny universe, е насочена кон социјалниот аспект. Играта може да се игра само преку интернет, со мрежно поврзување на сите играчи.

Тимот на компанијата Bungie помина долг временски период во развој на перформансите на оваа видео игра. Оваа недела, Bungie ја претстави интернет страницата Destiny Planet view, која преку технологијата што ја користи Google Street View им овозможува на играчите да ја истражат средината која што ќе биде застапена во играта – планетите Марс, Венера и Месечината.