Moveo – електричен скутер на расклопување што заштедува време и пари

116

moveo 1

Сообраќајниот метеж и “борбата“ за слободен паркинг се дел од секојдневието на урбаните средини.

Решение на тие проблеми нуди британската иновација во рамки на таканаречениот “скутер во куфер“. Станува збор за електричен скутер што тежи 25 килограми, а со едно полнење може да премине 35 километри со максимална брзина од 45 километри на час. Телото на скутерот се преклопува на половина и така може лесно да се однесе на работното место или на посакуваната дестинација, што значи дека заштедува време и пари кои инаку би требало да се потрошат на барање и плаќање на паркинг. Скутерот може да се преклопи на половина и лесно да се носи во воз или да се стави во багажникот на автомобилот.

moveo 2

Скутерот е познат под името Moveo, а се придвижува со електромотор и две тркала, кои се расклопуваат само за неколку секунди. Иновативниот скутер го разви компанијата Antro Group.

Moveo ќе чини околу 2.500 евра, а на почеток ќе се продава само преку интернет.

moveo

Овој проект беше прашање на време бидејќи веќе постои велосипед на расклопување, што функционира на сличен принцип. На велосипедистите не им е проблем паркирањето, туку честите кражби.

moveo 3