Намален бројот на туристи во јули

42

Бројот на туристи во јули оваа година, во однос на истиот период лани, е намален за 3,9%, а бројот на ноќевања е намален за 7%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Вкупниот број на туристите во јули 2014 година изнесува 107.231, а бројот на ноќевањата изнесува 478.911.

Бројот на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 14,1%, а бројот на странските туристи е зголемен за 9,9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2014 година, во однос на јули 2013 година, е намален за 10,8%, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4,8%.

Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 3,1% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 2,5%, а кај странските има зголемување за 7,2%.

Во периодот јануари – јули 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 0,7% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 6%, а кај странските има зголемување за 6,3%.