Икеа ќе даде околу 20 милиони евра за плац во Словенија

49

ikea

Шведскиот производител на мебел, Икеа, на словенечкото претпријатие Триглав – управување со недвижнини, би можел да му исплати околу 20 милиони евра за плац од 84.000 метри квадратни плац во Љубљана.

Двете компании не откриваат детали, туку само дека преговорите се во тек. Според пишувањето на словенечки Финанце, писмото со намера со Триглав веќе било потпишано, а останува да се изјаснат општинските власти на Љубљана.

За општинскиот просторен план повеќе ќе се знае непосредно пред локалните избори на петти октомври, на кои кандидат ќе биде и актуелниот градоначалник Зоран Јанковиќ.

Според неофицијалните информации, Триглав сака за земјиштето да добие од 230 до 270 евра за метар квадратен, односно меѓу 19,3 и 22,7 милиони евра, а парите може да се очекуваат до средината на следната година.