ЕБОР: Македонската економија со раст од 3%

17

Македонија и Косово во оваа и во наредната 2015 година ќе забележат најголем економски раст меѓу земјите во регионот, стои во најновиот извештај на Европската банка за обнова и развој за економијата во Југоисточна Европа, јавува Миа.

Македонската економија годинава ќе порасне за 3%, а толкав раст се очекува и во наредната 2015. Поголем раст ќе има само Косово од 3,5%.

ЕБОР ги ревидира проекциите за растот на БДП на повеќето земји во регионот. Србија и Хрватска годинава ќе бидат во рецесија од -0,5%, Босна и Херцеговина наместо претходно прогнозираните 1,8% ќе има раст од 0,2%, проекцијата за Бугарија е намалена од 1,9% на 1,5%, а Албанија и Цна Гора ќе забележат раст од 1,%7 односно 3%.

За целиот регион банката ја ревидира проекцијата од 2,2% на 1,9%.