На интернет се појавија неколку случаи дека новиот iPhone 6 Plus се витка по долго време држење во џеб и беше прашање на време кога ќе почнат другите компании да прават шеги на сметка на Apple.
На својот Twitter профил, чоколадниот бренд KitKat на швајцарскиот гигант Nestle објави графика со порака “Ние не се виткаме, ние се кршиме”.
Кршењето, се разбира, се однесува на чоколадото.
Шегата на сметка на Apple не е случајна. Последната верзија на Андроид, оперативниот систем на Google, конкурент на iOS на Apple, исто така го носи името KitKat, откако Google и Nestle склучија договор за партнерство.