Просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен во јули 2014 изнесува 31.245 денари, додека просечната нето – плата е 21.350 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Просечната месечна исплатена бруто плата во јули оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 1,3%.
Ваквото зголемување се должи, пред сè, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен во секторите: Градежништво за 8,7%, Стручни, научни и технички дејности за 7,8% и Административни и помошни услужни дејности за 5,5%.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто – плата по вработен, во однос на претходниот месец, е
забележано во секторите: Рударство и вадење на камен за 7,4%, Земјоделство, шумарство и рибарство за 3,4% и Преработувачка индустрија за 2,5%.
Во истиот период, 1,2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.