Српскиот министер за трговија и туризам Расим Љајиќ и министерот за надворешна трговија и економски одности на БиХ, Борис Тучиќ, денеска во Белград потпишаа договор за заеднички настап на трети пазари. Како што е оценето, овој договор треба да биде показател во кој правец треба да се развиваат односите во регионот, јавува Танјуг.
Според српскиот министер Љајиќ, договорот е придонес кон вкупната регионална стабилност и претставува порака дека Западен Балкан не е само место на конфликти, туку може да биде место погодно за инвеститори и вложувања.
Меѓу областите кои се најпогодни за заеднички настап на трети пазари се туризмот, градежништвото, земјоделие и прехранбена индустрија, енергетика и металска индустрија.