Резиденција Дабески во октомври го отвора центарот за домување на возрасни лица во Сопиште

106

Новиот центар за домување на возрасни лица кој во текот на месец октомври ќе биде отворен во општина Сопиште – Резиденција Дабески, на своите станари ќе им нуди целосна грижа, програма за социјални активности и нега од доктори и експерти.

“Не делат уште само неколку недели до официјалното отворање на резиденцијата и во овој период сме целосно посветени на финалните подготовки и доусовршувања на кадарот кој ќе се грижи за нашите станари. Резиденција Дабески ќе обезбеди 24 часа медицинска услуга, односно тим од доктори, медицински сестри, физиотерапевти и негувуватели,  кои ќе им бидат на располагање на сите жители на резиденцијата”, вели Даниела Дабеска, сопственик на резиденција Дабески.

Медицинскиот тим на Дабески ќе го сочинуваат доктор по општа медицина, социјален работник, психолог, физиотерапевт, медицински сестри, негувателки. За корисниците кои имаат потреба од висок степен на здравствена нега ќе се обезбедуваат и постојани консултации од страна на специјалисти кардиолог, невролог и ортопед.

Покрај 24-часовната медицинска нега, новата резиденција за домување, нуди програма за исполнет социјален живот кој вклучува рекреација, забава, игри, уметност, спорт и останати активности кои ќе го збогатат секојдневието на станарите, како и личен асистент за придружба за самостојните станари кои имаат желба да одат на шопинг, во посета кај семејството или пријателите.

Објектот на резиденцијата e изграден и опремен според сите Европски стандарди за ваков тип на домување.

Резиденцијата Дабески е лоцирана на 200 метри од општинската зграда во општина Сопиште, а на само осум километри од Плоштад Македонија.