Зголемен бројот на работници во индустријата за 9,1%

35

Бројот на работниците во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, бележи зголемување од 9,1%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 3,1%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,3%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 5,9%, Капитални производи за 104,7%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6,9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 4,7%.

Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – август 2014 година, во однос на периодот јануари – август 2013 година, бележи зголемување од 7,4%.