Меѓународната конференција Бизнисот прави разлика – Меѓународни практики на општествена одговорност, претпријатијата и нивниот ангажман во поддршката на заедницата денеска ќе се одржи во Скопје.
Конференцијата има за цел да ги информира учесниците за можностите кои произлегуваат од градењето на меѓусекторски партнерства меѓу приватниот, јавниот и граѓанскиот сектор, како и да ги поттикне за активно инволвирање во заедницата, соработка со другите сектори и да ја преземат одговорноста во општеството.
На Конференцијата ќе бидат презентирани практични примери и најдобрите практики и искуства за да се охрабрат компаниите да ги интегрираат принципите на општественото одговорно работење во својата бизнис стратегија и во процесот на денесување одлуки.