Во трката за купување на бањите во Србија, кои важат за највредниот имот во оваа земја, на списокот на фирми за приватизација, се вклучија тројца најголеми српски бизнисмени, пренесува Б92.
Станува збор за Миодраг Костиќ, Петар Матијевиќ и Филип Цептер, а понуди пристигнале и од Русија, Германија, Кина, Кипар, како и од српски фирми и физички лица.
Матијевиќ испратил писмо со намери за двете специјални болници – Чигота на Златибор и Завод – Термал Врдник.
За првата од тие бањи, меѓу останатите, Матијевиќ е во трка е со руската компанија Mad Service Plus, како и со германската EES Group GmbH, додека за другата како конкуренција има повеќе домашни бизнисмени.
За специјалната болница за рехабилитација Завод, во трка е Филип Цептер, односно неговата компанија Zepter international, како и MK Group на Миодраг Костиќ. Оваа болница била интересна и за германската EES Group GmbH, а писмо со намери испратила и кинеската компанија Dr Dong SA.
Интересен е фактот што за сите специјални болници и центри за рехабилитација од списокот на Агенцијата за приватизација, писмо со намери испраќал Милош Пауновиќ, како физичко лице, кој во сите случаи како модел предлагал приватизација со стратешко партнерство преку докапитализација.