Прв саем за вработување во Македонија

56

За првпат во Македонија, утре ќе се одржи Саем за вработување. Спортскиот центар Борис Трајковски ќе биде домаќин на повеќе од 80 компании, кои ќе имаат свое претставување пред граѓаните.

Саемот е во организација на Агенција за вработување на Македонија, која верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на  побарувачката и понудата на пазарот на труд.

Првиот саем за вработување, ќе се одржи во вторник од 10 до 17 часот, во СЦ Борис Трајковски.