Прометот во индустријата во август оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 17,9%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Прометот во индустријата остварен на домашниот пазар во август оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 5,6%, а прометот остварен на странски пазари бележи пораст од 28,7%.
Гледано по сектори, прометот во индустријата во секторот Рударство и вадење на камен во август оваа година, во однос на август 2013 година, бележи опаѓање од 24,9%, а во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 20,5%.
Според главните индустриски групи, прометот во август 2014 година, во однос на август 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 3,8% и Капитални производи за 81,3%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 51,4%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5,1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3,5%.
Прометот во индустријата во август 2014 година, во однос на јули 2014 година, изнесува бележи намалување од 7,9%, додека во периодот јануари-август 2014 година, во однос на периодот јануари-август 2013 година, бележи пораст од 12,9%.