Геонет – Со напредни ГПС решенија до 40% заштеда на трошоците

416
tode bucevski
Тоде Буцевски, генерален директор на Геонет

Геонет е компанија со повеќе од 10 годишно искуство во функција на доближување на високите технологии до компаниите од различни индустрии со една и единствена цел – олеснување и унапредување на нивното секојдневно работење. Основана е во Скопје, како прва компанија во земјата која делува во областа во имплементација на напредни ГПС решенија кои овозможуваат следење, мониторинг и сигурност на возилата, како и планирање на нивните движења на многу едноставен и софистициран начин. Со поддршка од Проектот на УСАИД за микро и мали претпријатија, преку постојан раст во својата главна дејност, Геонет сега претставува водечки снабдувач на услугите на ГПС флит менаџмент (раководење со флотата возила од возниот парк кои компаниите ги поседуваат за извршување на секојдневните задачи и обврски).

IMG_2800

“Предноста од користење на уредите како составен дел на ГПС решението во компаниите е кај сите гранки и индустрии, и пред се е во заштедата на трошоците до 40%, со намалување на намерна и ненамерна злоупотреба кај возилата од корисникот на истото. Кога ќе се намали злоупотребата, компаниите преминуваат на наредниот чекор, а тоа е оптимизација на секојдневното работење и секако, зголемување на ефикасноста со помош на ГПС решението”, вели Тоде Буцевски, генерален директор на Геонет.

Индустрии кои имаат бенефит од решението на Геонет се транспорт и логистика, дистрибуција на најразлични производи, автобуски и такси транспорт, градежни и рударски машини и опрема, безбедносни патроли и транспорт на пари и вредности итн.

1

Во февруари годинава, во Геонет инвестираше Micro Investment Fund (MIF/МИФ), кој е финансиран од страна на УСАИД и е во рамки на Проектот за развој на микро и мали претпријатија.

“Со помош на инвестицијата на УСАИД ќе работиме на доближување и искористување на бенефициите и предностите на ГПС технологија до секој поединец во секојдневието и тоа за: пратење на состојбата и локацијата на возрасни и изнемоштени лица, деца, миленичиња, други животни, потоа за заштита на останати вредни предмети кои се оставаат на отворено како велосипеди, мотори, мопеди, кафемати, фрижидери, приколки, чамци, скутери и сл.

Согласно на зголемувањето на портофолиото на производи и услуги ќе се зголеми и потребата од нови вработувања, за кои веруваме дека ќе бидат 3-5 нови вработени во првите две години и дуплирање до крајот на 5-те години од инвестицијата”, вели Буцевски.

Геонет планира да се шири и во регионот и пошироко, преку пронаоѓање на вистински партнери кои го познаваат пазарот и приликите, за што поуспешен пласман.

2

За фондот: Micro Investment Fund (MIF/МИФ) е Приватен Инвестициски Фонд (Private Equity Fund) формиран во јуни 2012 година со почетен капитал од 800.000 американски долари. Истиот е финансиран од страна на УСАИД и е во рамки на Проектот за развој на микро и мали претпријатија. Развојната цел на фондот е да го забрза креирањето на нови одржливи работни места преку инвестирање и поддршка на брзорастечки компании со потенцијал за понатамошен раст. Фондот инвестира во компании кои имаат реален потенцијал за раст и развој, потенцијал/атрактивност во индустријата во која е активна, конкурентската предност и профитабилност на производот, како и добро организиран и искусен менаџерски тим/сопственици со интегритет, отворени за партнерство, прифаќање на нови идеи и покажување на желба за напредок. Структурата на инвестицијата на Фондот е т.н. мезанин инвестиција (комбинација на кредит и капитал). Моделот на мезанин инвестиција ќе ги таргетира постоечките микро компании кои имаат потенцијал за раст, а истовремено недоволно колатерал за да добијат банкарски кредит. Фондот е активен партнер во фирмите каде што инвестира и учествува во донесувањето на клучните одлуки, како и во креирање на стратегија за развој.

Фондот може да инвестира само во македонски приватни компании, преку превземање на активна, малцинска сопственост не помалку од 10% од сопственоста на компанијата. Со одредени исклучоци, инвестициониот опсег на инвестиции по поединечна компанија може да биде помеѓу 50.000 и 100.000 американски долари, вклучувајќи ги и дополнителните инвестиции во било која портфолио компанија.