Бруто домашното производство на електрична енергија во август оваа година учествува со 42,3% во бруто домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 91,9% од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во истиот период, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 602.178 МWh електрична енергија, 2.967 мил. nm3 природен гас, 277.544 тони јаглен и 86.498 тони нафтени продукти.