Фабриката за кондиторски производи Европа во првите девет месеци од оваа година оствари добивка во висина од 14.516.000 денари, што е намалување од 5,5 милиони денари во однос на истиот период лани.
Ова го покажуваат податоците од билансот на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Приходите од продажба на Европа, во период од јануари до септември оваа година, изнесуваат 516.381.000 денари, од кои 250.934.000 денари се остварени на домашен, а остатокот од 265.447.000 денари на странски пазари.
Во истиот период лани, приходите од продажба на фабриката за чоколади изнесуваа 523.624.000 денари, од кои на домашниот пазар беа реализирани 247.194.000 денари, а останатите 276.430.000 денари на странски пазари.