Благој Ѓорев прокнижи загуба од 7,3 милиони денари

37

blagoj gjorev

Прехранбената компанија Благој Ѓорев од Велес прокнижи загуба од 7.354.000 денари за девет месеци од оваа година, покажуваат податоците од билансот на успех, објавен на Македонска берза.

Во истиот период минатата година, компанијата оствари добивка од 12,8 милиони денари.

Вкупните приходи од продажба на Благој Ѓорев се во висина од 446.990.000 денари, од кои на домашен пазар отпаѓаат 399.212.000 денари, додека остатокот од 47.778.000 денари се реализирани на странски пазари.