Компанијата Пелистерка прикажа добивка од 35.124.000 денари во период од први јануари до 30 септември оваа година, покажуваат резултатите од консолидираниот биланс на успех на компанијата, објавен на Македонска берза.
Пелистерка за девет месеци оствари 403.682.000 денари вкупни приходи од продажба, од кои на домашен пазар се реализирани 383.357.000 денари, додека остатокот од 20.325.000 денари се остварени на странски пазари.
Минатата година Пелистерка за девет месеци оствари добивка од 37.118.000 денари.