Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА

35

Седница на Мешовитиот комитет на ЦЕФТА, во рамки на Неделата на ЦЕФТА 2014, се одржува денеска во Скопје. Со оваа седница ќе претседава министерот за економија, Беким Незири.

На седницата ќе бидат финализирани активностите што се однесуваат на претседателството на Македонија  со ЦЕФТА во 2014 година.

Покрај тоа, ќе бидат усвоени бројни одлуки за основање на нови тела кои треба да работат на развивање адекватни мерки и цели за функционирање и одржливост на ЦЕФТА Договорот, кои ќе му помогнат на регионот да ги постигне целите од Стратегијата 2020, насочени кон конкурентноста, продуктивноста и економскиот раст.