Вип ја претстави мобилната верзија на Мој Вип за корисниците на iOS

46

vip

По воведувањето на апликацијата Мојот Вип за корисниците на Андроид паметните телефони, Вип ја претстави мобилната верзија за корисниците на паметни телефони со iOS оперативен систем, како и надградената веб услуга Мојот Вип, во исто време најавувајќи и вредни награди за корисниците на истата.

Од 21.11., па сѐ до 15.12., сите припејд, постпејд или пак бизнис корисници кои ќе се логираат на веб услугата или на мобилната апликација Мојот Вип, добиваат одлична можност да станат потенцијални добитници на една од десетте вредни награди. Имено, сите корисници кои во рамките на промотивниот период ќе се логираат на услугата Мојот Вип, учествуваат во извлекувањето кое ќе се одржи на 18.12.2014 и можат да добијат една од наградите – пет едногодишни бесплатни месечни претплати, како и пет паметни телефони меѓу кои Galaxy Note 4 и Sony Experia Ultra Z.

“Со услугата Мојот Вип на он – лајн каналите за комуникација, Вип уште еднаш ги потврдува своите заложби за одржување на високо ниво на корисничко задоволство. Оваа услуга во голема мера претставува придобивка за корисниците, бидејќи овозможува тие самите да можат да пристапат и да ја администрираат својата корисничка сметка на едноставен, брз и сигурен начин, преку компјутер или пак преку својот мобилен телефон. На ваков начин им обезбедуваме на корисниците апсолутна транспаретност и јасна слика за трошоците од активираните услуги со што целосно го потврдуваме нашиот фокус кон корисниците. Се разбира, дополнителен мотив секако се и вредните награди кои ги подготвивме за најсреќните“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.

Услугата за адиминистрирање на сопствената корисничка сметка Мојот Вип на корисниците им овозможува бројни привилегии, како на пример: преглед на моменталната состојба (остварен сообраќај, искористеност на пакети); активирање и деактивирање на услуги (достапни услуги за нивниот профил, поставување забрани за роаминг); преглед на сметките (листа на детални повици и остварен сообраќај, плаќање на сметки преку мобилната апликација со кредитна картичка, како и активирање на опцијата електронска сметка); припејд надополнување на сметка, SOS надополнување, како и други останати корисни опции.

Покрај бројните придобивки за корисниците на оваа услуга, една од позначајните карактеристики е опцијата Понуди за Вас, која на корисниците ќе им ги прикаже специјалните понуди кои се релевантни за нив, како и ексклузивни информации и можност да ги дознаат новостите во однос на понуди еден ден пред сите други.

Услугата Мојот Вип е достапна за бесплатно симнување на Vip Store, App Store и Google Play. Истата е достапна на македонски, албански и англиски јазик.

За да ја користат оваа апликација, корисниците треба да имаат кориснички профил, а тоа можат да го направат со едноставно следење на упатствата во апликацијата или пак да се логираат со постечкиот профил на Мојот Вип веб услугата.

Користењето на услугата како и сите податоци се безбедносно заштитени.