Бројот на работници во индустријата во октомври оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 9,5%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2014 година, во однос на
октомври 2013 година, бележи опаѓање од 4%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од
11,6% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1,6%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, бележи пораст кај Интермедијарни производи, освен енергија за 6,8%, Капитални производи за 114,1%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 6% и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2,9%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5%.
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2014 година, во однос на
периодот јануари – октомври 2013 година, бележи зголемување од 7,9%.