Со кампањата Заедно, до подобри резултати, Рамстор Македонија ги охрабрува сите лица со оштетен слух, говор и глас да се придружат на тимот и да бидат дел од успешните вработувања.
Денеска, 3 декември е меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Со кампањата за вработување, Рамстор истовремено го одбележува денот и ја продолжува праксата за општествено – одговорна компанија која ги негува релациите со сите страни и ги почитува различностите.
Директорот на одделот за човечки ресури на Рамстор – Костанца Мијалкова по овој повод изјави: “Нашата компанија Ве охрабрува и Вие да бидете дел од нашиот тим на успешни вработувања. Со задоволство ги покануваме лицата со оштетен слух, глас и говор да аплицираат за работни места во некој од нашите маркети. Претворете ги Вашите потреби во предност заедно со тимот на Рамстор Македонија.”
Сите заинтересирани лица можат да ја поднесат својата кратка биографија и мотивационо писмо на: [email protected] или на адреса ул. Свети Кирил и Методиј бр.13, 1000 Скопје.