Тркалезна маса на тема Одлив на работна сила од ИКТ секторот ќе се одржи денеска во организација на ИКТ комората при Сојузот на стопански комори на Македонија.
На тркалезната маса, што ќе се одржи на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, ќе се обрати министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.
Најавено е обраќање и на претседателот на ИКТ комората во Сојузот на стопански комори на Македонија, Саша Огненовски, а ќе присуствуваат и деканите на факултетите со кои ИКТ комората има потпишано меморандуми за соработка.
Свој придонес кон темата на тркалезната маса, ќе дадат и компаниите членови на ИКТ комората во рамки на ССК.