Пониски продажните цени на индустриските производи на домашен пазар

35

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во ноември, на месечно ниво се пониски за 0,3%, додека за 0,6% се повисоки на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Во ноември оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групата Енергија за 0,9%, додека во групите Интермедијарни производи, освен енергија и Трајни производи за широка потрошувачка, се на истото ниво од претходниот месец.

Во ноември оваа година, во споредба со истиот период минатата година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групата Енергија за 3%, во групата Трајни производи за широка потрошувачка за 0,7% и во групата Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5%.