Продажните цени на производителите на индустриски птоизводи во октомври оваа година, во однос на претходниот месец, се непроменети, додека во споредба со истиот период лани, тие бележат намалување од 1,2%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во октомври оваа година, во споредба со претходниот месец, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 4,1% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 0,6%.
Во октомври оваа година, во споредба со истиот период лани, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 8,9% и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 6,3%, а се пониски во секторот Преработувачка индустрија за 2,5%.