Пораст на индустриското производство за 5,8%

43

Индустриското производство во ноември оваа година, во споредба со истиот период лани, бележи пораст од 5,8%, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст од 3%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3,4%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 27,7%.

Според главните индустриски групи, производството во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, бележи пораст кај Енергија за 17,4% , Интермедијарни производи, освен енергија за 7,9%, Капитални производи за 78,1% и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,9%, додека опаѓање бележи кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 9,9%.

Нндустриското производство во периодот јануари – ноември 2014 година, во однос на периодот јануари – ноември 2013 година, бележи пораст од 5,2%.