Жито Маркети го отвори својот трет маркет во Прилеп на улица Пенка Котеска бр. 32Б на површина од 150 метри квадратни. Oвој маркет спаѓа во категоријата на дисконти и за купувачите ќе овозможи голем избор на производи по пристапни цени и врвна услуга соодветно на високите стандарди на компанијата.
„Отворањето на третиот Жито Маркет во Прилеп е нашиот одговор на барањата и потребите на граѓаните од овој град, за место за пазарување каде што ќе ја воочат вистинската вредност на пазарувањето. Ќе бидат во можност да се уверат што значи одлична услуга, ниски цени и квалитет на производите, тоа е наше мото и вредности врз кои ја прошируваме нашата продажна мрежа“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Според вообичаената и веќе препознатлива практика на Жито Маркети и ова отворање помина со голем број промоции, подароци и гратис производи, а оние купувачи кои веќе имаа Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ добија и дополнителни бенефиции при купувањето.
Работното време на маркетот е седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:30 часот наутро до 21:30 часот навечер, а во недела од 08:00 часот наутро до 14:00 часот напладне.