Одборот на директор на Цементарница Усје констатираше дека Георгиос Герогас поднел оставка на функцијата член на Одборот на директори на друштвото, се вели во информацијата објавена на Македонска берза.
Со ова, како што се наведува, му престанува функцијата член на Одборот на директори со 31.12.2014 година. Одборот на директори го пополни својот состав со избор на Вршител на должност член на одборот на директори со изборот на Карапетков Љубчо, почнувајќи од 01.01.2015 година до одржување на првото наредно Собрание на акционери на Цементарница Усје.